Тројно убиство во Дебар

Тројно убиство во Дебар

Скопје, 27 август 2018 (МИА) - Основното јавно обвинителство Гостивар врши увид во приватна куќа во Дебар каде што се пронајдени безживотни тела на три лица.

Според првичните сознанија, како што соопштија од Јавното обвинителство, станува збор за тројно убиство, а жртвите се семејство – маж, жена и нивната ќерка на возраст од околу 13 години, кои времено живееле во Италија. Сторителот засега е непознат.

Надлежен јавен обвинител е на терен и работи на откривање на сторителот и на утврдување на мотивите. Во таа насока, издадени се серија наредби за прибирање траги од лице место, вештачења и претреси.

Тројното убиство се случило синоќа. Полициската станица од општа надлежност во Дебар за настанот добила дојава од граѓанин, по што била известена Општата болница. Екипа на итната медицинска помош веднаш пристигнала, но за жал лекарот само констатирал смрт. Мотивите за тројното убиство се непознати. вт/дма/08:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...