• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Пролонгиран почетокот на рочиштето за „Титаник 2“, не дојде адвокатот Дангов

Пролонгиран почетокот на рочиштето за „Титаник 2“, не дојде адвокатот Дангов

Скопје, 27 август 2018 (МИА) – Почетокот на денешното рочиште за предметот на СЈО „Титаник 2“ што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година е одложен за половина час, бидејќи адвокатот на обвинетиот Сашо Срцев, Димитар Дангов, не е присутен, па судијата Огнен Ставрев даде паузата да се определи нов адвокат.

Судијата Ставрев рече дека судското рочиште е закажано пред еден месец и оти е несериозно однесувањето на Дангов.

Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи побара да се казни адвокатот Дангов затоа што не е присутен на денешното рочиште и додаде дека заради оваа причина не треба да се одложува судењето.

Дангов во моментов е на судење на предметот за крвавиот четврток, за кој адвокатот Љупчо Шврговски рече дека има приоритет, бидејќи е притворски предмет.

На денешното рочиште за „Титаник 2“ треба да бидат сослушани сведоците Борис Кондарко, Виолета Дума, Субхи Јакупи и Васил Крстев.

Во предметот обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. дма/сд/10:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ