• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Телата на убиените во Дебар на обдукција, осомничени засега нема

Телата на убиените во Дебар на обдукција, осомничени засега нема

Скопје, 27 август 2018 (МИА) - Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по извршениот увид по убиството на тричленото семејство - маж, жена и нивната 14-годишна ќерка, наредил телата да бидат дадени на обдукција. 

Како што соопштија од Јавното обвинителство на РМ, издадена е наредба  и за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на самото место во семејната куќа во Дебар каде што, според првичните сознанија, било извршено убиството.

Земени се и парафински ракавици и извршен е претрес во домовите на неколку лица со кои жртвите во последниот период поинтензивно контактирале, но се уште нема осомничен извршител на кривичното дело.

Дополнително, ќе бидат детално сослушани сите лица кои ги познавале жртвите и кои би можеле да помогнат за расветлување на случајот. сст/са/14:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...