• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

ОБСЕ со прв извештај за активностите и предметите на СЈО

ОБСЕ со прв извештај за активностите и предметите на СЈО

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе го презентира првиот преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство. 

На презентацијата најавено е присуство на в.д. шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џефри Голдстин и на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. 

Најавено е обраќање и на поранешната судијка во Европскиот суд за човековите права Мирјана Лазарова - Трајковска, која ќе говори за СЈО низ призмата на практиката во европските судови и меѓународните стандарди за правично судење. бак/са/07:24

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ