• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Раздвоената постапка за Јанкуловска во „Тенк“ продолжува утре со сослушување сведоци

Раздвоената постапка за Јанкуловска во „Тенк“ продолжува утре со сослушување сведоци

Скопје, 29 август 2018 (МИА) – Раздвоената постапка против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинтелство за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, продолжува утре со сослушување на сведоци.

Специјалниот јавен обвинител Стефчо Донев, во воведен говор на денешното рочиште, наведе дека Јанкулоска сторила злоупотреба на службената положба и овластување.

- Ќе докажеме дека Никола Груевски побарал од обвинетата Гордана Јанкулоска да направи незаконска набавка на „мерцедес гард“ со фаворизирање на операторот Мак Ауто Стар и за исполнување на тоа Јанкулоска ја искористила својата позиција за преку Ѓоко Поповски да изврши таква набавка. Од аудио снимките ќе докажеме дека иако јавната набавка е направена за потребите на МВР, тоа е направено зошто Груевски сакал да се вози во такво ново возило, но јавноста да не знае, изјави Донев.

Јанкулоска, во воведен говор пред Судот, наведе дека иако постапката се одвива во сложени услови, како издвоена од предмет за кој веќе има донесена одлука, сепак ќе ги побијат тврдењата дека со набавката се исполнувани нечии „лични желби“ и ќе докажат дека набавката е согласно стандардите за работа на Министерството.

- Набавката е извршена врз основа на внимателна оценка од служби надлежни за проблематиката за обезбедување лица и согласно важечките прописи. Без оглед на околностите, сепак се работи за случај каде постапката е спроведена на законски начин, рече Јанкулоска.

На денешното рочиште беа сослушани и двајца сведоци, предложени од обвинителството, едниот вработен во Мак Ауто Стар и другиот во Министерството за внатрешни работи.

Адвокатот на Јанкуловска, Боро Тасевски, пред судот изнесе проблем, дека утре во 10 часот има рочиште за овој случај, додека има закажано рочиште во 9 часот и 30 минути за предметот „Насилства во Центар“ каде застапува тројца обвинети, а во 10 часот и 30 минути има јавна седница на Апелација по жалба за одлука за Груевски.

- Сметам дека со ваквото закажувања на рочиштата се нарушува правото на ефективна одбрана. Барам да се одложи утрешното рочиште, истакна Тасевски.

Судијката Кацарска, на тоа кажа дека на утрешната расправа може еден од бранителите да не учествува, но барањето за одложување на расправата не се прифаќа.

- За следните рочишта има повикани сведоци и не може да се одложува, нагласи Кацарска.

За овој случај веќе е осуден поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор. аа/са/16:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...