ОБСЕ: Предолго е времето меѓу поднесување на обвинение и неговото потврдување

ОБСЕ: Предолго е времето меѓу поднесување на обвинение и неговото потврдување

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Многу од обвиненијата поднесени од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кон крајот на јуни 2017 година се потврдени пет-шест месеци подоцна што укажува дека е предолго времето меѓу поднесувањето на обвинение и неговото потврдување.

Ова е една од забелешките на Мисијата на ОБСЕ во првиот преоден извештај за активностите и предметите на Специјалното јавно обвинителство кој го опфаќа периодот од септември 2015 година до јануари 2018 година. 

- Иако Законот за кривична постапка не предвидува рок до кој едно обвинение мора да се потврди, времето меѓу поднесувањето на обвинение и негово потврдување може да се смета како предолго, а тоа создаде перцепција дека судот е пристрасен и е против судење во разумен временски рок, а истите особено загрижуваат во врска со случаите каде треба наскоро да настапи апсолутна застареност, се вели во заклучоците на извештајот.

Поради тоа од ОБСЕ препорачуваат да се измени и дополни законодавството во согласност со Националната стратегија за реформи во правосудството за периодот 2017-2022 година и да се решат постоечките ограничувања во законската рамка кои можат да ги спречат тековните истраги на СЈО.

Препораката до СЈО е да има потранспарентен пристап кога воспоставува надлежност врз случаи по кои постапува Јавното обвинителство, а на Основниот суд Скопје 1 му се препорачува да ги применува истите стандарди како за случаите на ЈО и за случаите на СЈО. 

В.д. шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џефри Голдстин смета дека треба да се обезбеди целосна одговорност за можните кривични дела откриени преку прислушуваните разговори.

- Од особена важност е да се решат прашања поврзани со иднината на СЈО и на отворените истраги во кои нема покренато обвиненија, рече Голдстин на денешната презентација на извештајот.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не гледа опасност за застарување на предметите и изрази надеж дека и судовите ќе водат сметка за тоа. Најави дека во шестмесечниот извештај што го објавува СЈО, ќе има посебен дел за незаконското и неправилното работење на судовите и одредени судии.

СЈО има отворено вкупно 20 предмети поврзани со прислушуваните разговори, а од Јавното обвинителство ги има преземени предметите за убиството кај Смилковското Езеро, „Пуч“, „Сопот“ и „Шпион“. Обвинетите се 142 лица и седум компании. До крајот на јануари годинава потврдени се вкупно 20 обвиненија, а најчестото дело за кое гони СЈО е злоупотребата на службената положба и овластување. СЈО во овој период води и 12 тековни истраги. бак/скс/15:24

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...