• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Се чекаат одлуките за барањата за изземање на судечкиот совет и в.д. претседателката на Апелација

Се чекаат одлуките за барањата за изземање на судечкиот совет и в.д. претседателката на Апелација

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Во Апелација се уште не се соопштува одлуката по барањето за изземање на судечкиот совет кој треба да одлучи по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес.

Иако беше најавено дека во 13 часот ќе продолжи јавната седница на која ќе биде соопштена одлуката по барањето за изземање на судечкиот совет, предмалку портпаролот на Апелацискиот суд Сафет Кадриу информира дека ја чекаат одлуката од Врховниот суд за барањето за изземање и на в.д. претседателката на Апелација Лидија Димчевска.

Адвокатите на обвинетите денеска поднесоа барање за изземање на Судечкиот совет и на в.д. претседателката на Апелација Лидија Димчевска.

На почетокот на денешната јавна седница тие побараа и одложување на седницата со образложение дека мора да одат на други судења кои се приоритетни бидејќи станува збор за притворски предмети. Судечкиот совет во Апелација не го прифати ваквото барање на адвокатите. 

За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор. дма/бак/14:14

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ