• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Наредена обдукција на убиената жена во охридско Велгошти

Наредена обдукција на убиената жена во охридско Велгошти

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид по извршениот увид на лице место во семејна куќа во охридското село Велгошти, каде беше пронајдено безживотно тело на жена, издаде наредба за обдукција на починатото лице. 

Јавното обвинителство соопшти дека се уште се трага по сторителот. 

Како што се наведува во соопштението од ЈОРМ, починатата ја пронашле соседите во нејзиниот дом, каде што живеела сама. На телото биле видливи траги на насилство.

По наредба на јавниот обвинител, на лице место се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице. ев/скс/21:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...