• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Сослушани сведоци на денешното рочиште во раздвоената постапка за „Тенк“

Сослушани сведоци на денешното рочиште во раздвоената постапка за „Тенк“

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) – Сведоци кои на некој начин учествувале во јавната набавка на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, беа сослушани на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, во раздвоената постапка против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

На прашања од обвинителството и одбраната, еден од сведоците кој во 2012 година, бил управител на Мак Ауто Стар, кажа дека не бил вклучен во процесот за изготвување понуда и учество на тендерот и дека само е потпишан на договорот.

Прашања на сведокот постави и судијката Добрила Кацарска, која побара да објасни како може како управител на фирмата да не знае за постапка за набавка на возило вредно 600 илјади евра, по што сведокот објасни дека тоа било одамна и оти не учествувал во постапката.

Кацарска му постави уште две прашања на кои побара седокот да одговори конкретно. Дали Мак Ауто Стар е единствен овластен сервис на територијата на Македонија за овие патнички моторни возила и дали ако на тендер се бара овластен сервис значи дека само тие може да учествуваат, по што сведокот на двете краткот одговори со да.

Сведоците сослушани на досегашните рочишта во раздвоената постапка во случајот „Тенк“, се сослушани и во случајот кој веќе заврши со обвинителна пресуда од две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото и шест години и шест месеци затвор за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Груевски и Поповски поднесоа жалба на првостепената пресуда, за која одлучува Апелацискиот суд во Скопје на јавна седница која треба да продолжи утре.

Максималната казна за ова дело за Груевски е три години и тоа апсолутно застарува по шест години, додека на Гордана Јанкуловска за ова дело и се заканува казна затвор од минимум пет години, а делото апсолутно застарува по десет години.

На почетокот на денешното рочиште одбраната предложи барање за изземање на судијката Добрила Кацарска, но претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев го одби како неосновано и рочиштето продолжи. аа/са/14:53

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ