• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Груевски не дојде во Апелација, одбраната бара изземање на Катица Јанева

Груевски не дојде во Апелација, одбраната бара изземање на Катица Јанева

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) - Во Апелацискиот суд со мало задоцнување од најавениот термин, денеска продолжи јавната седница за жалбата на првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“.

На седницата не присуствуваат Груевски, како и неговите бранители Димитар Дангов, Сања Алексиќ, Данчо Наков и Боро Тасевски, кои го известиле Судот дека се спречени да дојдат бидејќи се ангажирани на други предмети во Кривичниот суд. Ѓоко Поповски и неговиот адвокат Стерјо Зиков дојдоа во Алецискиот суд.

Веднаш на почетокот судиите информираа дека одбраната на Груевски побарала изземање на специјалната обвинителка Катица Јанева. Обвинителот Гаврил Бубевски, забележа дека во законот нема основа за такво барање, по што беше дадена пауза за Судечкиот совет да реши како ќе продолжи седницата.  

Груевски и Поповски пред Судечкиот совет треба да ја образложат поднесената жалба, но Груевски вчера на прес-конференција во Собранието на РМ најави дека нема да се појави на седницата ниту тој ниту неговите адвокати зашто, како што рече, и онака одлуката е политички веќе донесена.

Апелација Тенк Поповски

Груевски обвини дека власта води политичка хајка против него, а судиите се професионални, но работат, како што рече, под притисок.

Апелацискиот суд Скопје во целост ги демантира наводите изнесени на прес-конференцијата од Никола Груевски во врска со предметот „Тенк“, оценувајќи ги како груба невистина и манипулација со јавноста.

- Наводите на обвинетиот се во целост невистинити, исконструирани и тенденциозни со цел да се дискредитира Судот и да создаде лажна перцепција во јавноста дека судството е под притисок на власта и носи нарачани одлуки, соопштија од Апелација.

На седницата во петокот судијата известител ја прочита првостепената пресуда. Во текот на седницата беа правени неколку паузи, поради поднесените барања за изземање на судечкиот совет, претседателот на Апекацискиот суд, судијата известител и претседателот на судечкиот совет од страна на адвокатот Стерјо Зиков и осудениот Никола Груевски. Сите барања беа одбиени. 

За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор. 

Во Кривичниот суд во Скопје за „Тенк“ се води раздвоена постапка против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. дма/сст/09:51

Фото: МИА

 

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ