• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Заврши седницата на Апелација за затворските казни на Груевски и Поповски за „Тенк“

Заврши седницата на Апелација за затворските казни на Груевски и Поповски за „Тенк“

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) - Заврши јавната седницата на Апелацискиот суд на која се расправаше по жалбата на првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“.

Како што рече претседателката на судечки совет Цветанка Периќ одлуката ќе биде добиена од Кривичен суд до каде ќе биде испратена.

Осудениот Ѓоко Поповски пред судечкиот совет рече дека не е криминалец и не ја злоупотребил службената положба и не знае како се злоупотребува службена положба.

Очигледно е во оваа наша чудесна земја, како што рече Поповски, кога не може по коњот, најлесно е да се удри по самарот.

По првостепената пресуда за „Тенк“ поднесени се шест жалби, четири од адвокатите на Груевски, една лично од Груевски и една од Ѓоко Поповски.

Во жалбата на Груевски е наведено дека во февруари 2018 година настапила застареност на кривичното дело, поради телефонскиот разговор што го направил Груевски на 26.02.2012 година. Во неа се посочува дека пресудата е нејасна и противречна поради што се бара укинување на пресудата од првостепениот суд.

Пресудата има бројни недостатоци, пред се суштествени повреди во постапката, а направени се и големи повреди во Кривичниот законик, рече адвокатот Стерјо Зиков образложувајќи ја пред судечкиот совет на Апелацискиот суд жалбата за првостепената пресуда за Ѓоко Поповски во предметот „Тенк“.

Според него, има повреди на кривичната постапка во неправилното изведување на материјалните докази, кои судијата дозволи да се читаат како наслови во листата на докази, а не и содржински што е спротивно на Законот за кривична постапка. дма/аа/14:25

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ