• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Зекири: Толпата викаше „ќе ве убиеме сите“, Ѓорчев и Тодоров ги бранеа колегите од СДСМ и ДУИ

Зекири: Толпата викаше „ќе ве убиеме сите“, Ѓорчев и Тодоров ги бранеа колегите од СДСМ и ДУИ

Скопје, 6 септември 2018 (МИА) – Пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири, кој денеска сведочи за настаните од 27 април, рече дека бил во една од кабините за превод во галеријата на собранискиот прес-центар од каде слушнал како толпата извикува пцости и прашува каде е Муки Зекири шиптарот.

Сведочеше дека толпата викала „ќе ве убиеме сите“ и оти видел како пратениците Никола Тодоров и Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ дошле во прес-салата со намера да ги бранат колегите од СДСМ и ДУИ, но оти Тодоров бил истуркан од толпата, а Ѓорчев останал да ги брани. 

По околу два часа ја чул првата шок бомба, а потоа уште две по што од страна на полицијата првично биле извлечени во галеријата на сала 4, а потоа во една од пратеничките канцеларии. Од таму преку собраниската гаража со полициски транспортер биле евакуирани во касарната во Ѓорче Петров од каде по евидентирањето биле пуштени дома.

Зеќири сведочеше и дека кога биле евакуирани во пратеничката канцеларија, Ѓорчев им рекол дека чул оти од другата страна на Вардар се собира толпа која сака да  дојде во Собранието и оти побарал да проверат дали е точно. Тие се јавиле кај свои пријатели и им рекле дека полицијата ја презела контролата во Собрание и оти се безбедни.

Се очекува денеска да биде сослушан и Петре Шилегов. 

На рочиштето се присутни сите обвинети за настантите од 27 април. 

Судењето ќе продолжи и утре со сослушување на пет сведоци, меѓу кои и премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На минатото рочиште сведочеа Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски. вј/бак/14:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...