• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Продолжува судењето за „Тортура“

Продолжува судењето за „Тортура“

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) - Со изведување материјални докази денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето за предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство во кое се обвинети поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски - Пуки и уште петмина припадници на единицата, за апсењето на Љубе Бошкоски.

На минатото рочиште оштетениот Бошкоски, на сослушувањето во својство на сведок, рече дека му е многу жал што се случил таков настан, и оти сака да го избрише од неговата меморија. Тој оцени дека апсењето било политички реваншизам што произлегол од неговите јавни настапи по напуштањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ и формирањето на Обединети за Македонија.

Бошкоски рече дека ќе бара обвинетите кривично да одговараат, а за оштетното побарување ќе каже во текот на постапката.

Сите обинети пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Бошкоски во изјава за медиумите прашан колкава материјална штета ќе побара, рече дека тој не е тука за материјална штета, туку за штетата која му била нанесена наму, на неговото семејство и на неговата политичка партија од, како што го нарече, полициско-политичкиот монтиран процес. сст/са/08:51

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...