• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Кривичен побара разрешување на Даштевски од Комисијата за заштита од дискриминација

Кривичен побара разрешување на Даштевски од Комисијата за заштита од дискриминација

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) - Основниот суд Скопје 1 во вторникот покрена иницијатива до Собранието на Република Македонија за разрешување на Александар Даштевски од претседателското место во Комисијата за заштита од дискриминација.

Барањето, како што информира претседателот на судот, Иван Џолев, на денешната средба со новинари, е поднесено поради злоупотреба на службената положба и нестручно и несовесно вршење на функцијата. Поради истата причина, како што кажа, судот не го прифати и барањето за изземање на судијката Добрила Кацарска поднесено од бранителите на Гордана Јанкулоска.

Тие до судот доставиле мислење од Комисијата за утврдено вознемирување од член 7, став 1 од Законот за заштита од дискриминација потпишано од претседателот Александар Даштевски. Судот веднаш реагирал на мислењето и побарал информација дали се одржала седница на кое е донесено решението, но не добил одговор.

Според Џолев, станува збор за преседан и недозволен апсурд во судската светска пракса.

- Сметаме дека тоа е мешање во судската власт. Судот утврдува дискриминација кон некого, а не генерира. Доколку судијката постапувала лошо кон некого може да достави претставка по која одлучува судот, рече Џолев и додаде дека не може Собранието да утврдува дискриминација од судија.

За Даштевски посочи дека постапувал надвор од својата обврска и нестручно. вј/сд/15:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...