• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

ССНМ ја поздрави одлуката на Кривичен за лицето одговорно за напад врз екипа на „А1он“

ССНМ ја поздрави одлуката на Кривичен за лицето одговорно за напад врз екипа на „А1он“

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) - Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) ја поздравува одлуката на скопскиот Кривичен суд со која му се одредува казна затвор од шест месеци на лицето, кое минатата година ја нападна новинарската екипа на „А1он“.

Новинарот и снимателот на „А1он“ лани на 28 февруари беа нападнати додека известуваа од протестот на движењето „За заедничка Македонија“. Снимателот заврши на скопскиот Ургентен центар,бидејќи имаше посериозна повреда на главата.

ССНМ верува дека оваа одлука ќе придонесе да се стави крај на се почестите напади врз новинарските екипи за коишто досега речиси и никој да не одговарал.

- Неказнивоста на овие напади беше и една од причините тие да се почести и новинарите и другите медиумски работници да станат лесна мета на насилниците. Ги охрабруваме полицијата, обвинителството и судот да ги разрешат и останатите случаи на напади врз новинарите што се случија во изминативе година, зашто само така ќе заштити новинарската професија која е еден од столбовите на модерните демократски општества, нагласува ССНМ. ац/нд/16:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...