• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Спасовски на сведочењето за 27 април: Оттука нема живи да излезете, сите ќе ве убиеме

Спасовски на сведочењето за 27 април: Оттука нема живи да излезете, сите ќе ве убиеме

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) - Беспомошност, страв за сопствените животи, разочараност и згрозенот од постапките на некои со кои што секојдневно се гледале и соработувале, почувствувал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на 27 април минатата година, на денот кога толпа граѓани насилно влегоа во Собранието на РМ.

Тој ова го посочи денеска на рочиштето за случајот со упадот во Собранието на 27 април минатата година, каде се појави како сведок.

- Го гледав Игор Југ како повеќепати посегнува кон пиштолот, рече Спасовски нагласувајќи оти претседателот на Собранието Талат Џафери повеќепати барал интевенција од тогашниот министер за внатрешни работи, но таква интервенција не се случила повеќе од два часа од почетокот на инцидентот.

Тој одговарајќи на прашање на обвинителката Вилма Русковска, даде исказ за тоа што се случувало тој ден во Законодавниот дом, нагласувајќи оти во прес-центарот на Собранието немилите настани траеле од околу 18 до 22 часот.

Тој заедно со премиерот Зоран Заев и останатите кои биле присутни во просторијата, стравувале за сопствените животи откако околу 15 лица со фантомки на главите упаднале внатре, а по нив и група од граѓаните кои претходно насилно влегле преку службениот влез во Собранието.

- Влегоа организирана група со фантомки но и други луѓе кои почнаа да не напаѓаат, да не удираат со сталаци за камери, со летви, со столици, и да извикуваат сите ќе ве убиеме, оттука живи нема да излезете. Имаше страшна тензија. Дел од луѓето кои носеа фантомки ги познавме, рече Спасовски.

Министерот истакна оти напаѓачите ваделе кабли од камерите правеле јамки и едната од нив ја фрлиле кон Заев. Додаде дека од сите страни летале предмети. 

Министерот истакна оти Заев целиот бил раскрварен и оти тој бил удрен со столица со дрвен предмет и се здобил со фрактура на носот. 

- Еден од присутните рече Спасовски го заклавме Села, сега на ред си ти, па Заев. Речиси и да немаше пратеник кој не беше повреден, рече министерот Спасовски.

Пратеникот Влатко Ѓорчев повеќепати влегувал во прес-центарот за да ја види ситуацијата и се обидел да ги смири пратениците.

По повеќе од два часа од почетокот на инцидентот во прес-центарот влегол тогашниот прв човек на Алфите Ивица Анчевски Пуки, и други припадници на алфите за да ги извлечат пратениците. Тие биле одведени во канцеларијата на Влатко Ѓорчев каде им била пружена медицинска помош, а потоа преку гаражите на Собранието биле спроведени до касарната Ѓорче Петров.

Спасовски истакна дека иако биле повредени не заминале во Клиничкиот центар бидејќи не се чувствуале безбедно, туку се упатиле кон зградата на СДСМ каде дошле медицински екипи.

Во својот исказ Спасовски наласи оти неколкупати го видел Игор Југ како се фаќа за појасот и оти претпоставува оти тој посегнува по пиштол.

Во текот на вкрстеното испрашување од страна на одбраната, Спасовски одговори дека тој претпоставува и оти не може да тврди дека станува збор за пиштол. 

Следното судско рочиште претседателката на судечкиот совет Добрила Кацарска го одложи за 13 септември, за кога е закажано сведочење на Хари Локвенец, Петар Атанасов, Енес Ибраими, Катерина Кузмановска.

Претходно, на денешното рочиште сведочеа поранешниот пратеник Никола Тодоров, пратеникот Весел Мемеди и премиерот Зоран Заев.

Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие пред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски. ац/нд/22:01

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...