• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Делегација од Уставниот суд на Република Турција во посета на Македонија

Делегација од Уставниот суд на Република Турција во посета на Македонија

Скопје, 10 септември 2018 (МИА)Делегација на Уставниот суд на Република Турција предводена од претседателот на Судот, Зухту Арслан и уште двајца судии и судија известител на Судот, од вчера до 12 септември престојува во посета на Република Македонија.

Членовите на турската делегација ќе имаат билатерални средби со претставници на Уставниот суд на Република Македонија на теми „Уставната жалба во Македонија и системот на индивидуалната уставна тужба во Турција“ и „Тужбите пред ЕСЧП и одлуките против двете држави“.

Според агендата, турската делегација ќе биде примена од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и од министерот без ресор Аднан Ќахил.

Оваа посета, како што информираат од Уставниот суд на РМ, е продолжение на одличната соработка помеѓу двата уставни судови и е во рамките на Меморандумот за разбирање и билатерална соработка помеѓу уставните судови на Република Турција и Република Македонија склучен во 2007 година. дма/са/10:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ