Продолжи судењето за „Т.Н.Т.“- се гледаат собраниски снимки

Продолжи судењето за „Т.Н.Т.“- се гледаат собраниски снимки

Скопје, 10 септември 2018 (МИА) - Со гледање на снимки од надзорната расправа на собраниската Комисија за транспорт и врски денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски по изборите во 2011 година.

Предметот „Т.Н.Т.“ на Специјалното јавно обвинителство се наоѓа во доказна постапка.

Меѓу обвинетите во случајот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски. бк/аа/11:37

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ