Заев се сретна со министерката за одбрана на Словенија

Заев се сретна со министерката за одбрана на Словенија

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со министерката за одбрана на Република Словенија Андреја Катич, која престојува во официјална посета во земјава. На средбата, како што соопштува владината прес-служба, е добиено охрабрување од Словенија за Македонија да продолжи напред во клучниот момент за евроатланските интеграции.

- Членството во НАТО и во ЕУ се значајни за стабилноста и иднината на Република Македонија, како и на целиот регион, поради што Република Словенија ја охрабрува нашата држава да продолжи напред, во важниот момент за евро-атлантските интеграции на Македонија, соопшти словенечката министерка за одбрана Катич.

На средбата, соопшти владината прес-служба, е разговарано дека нашата земја има направено значителни чекори на евро-атлантскиот пат и дека сега треба да се искористи позитивната клима и поддршката што ја има Македонија од земјите членки на ЕУ и на НАТО.

Премиерот Заев оцени дека граѓаните на Република Македонија знаат што значат мудри одлуки, што ја обезбедуваат нивната иднина и иднината на нивните деца, во родната држава.  

- Верувам дека референдумот ќе биде успешен. Мнозинството граѓани и политички субјекти веќе се профилираа во една коалиција за европска Македонија, а тоа ќе донесе стабилност и напредок и во нашата држава и во целиот регион, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев додаде дека по успехот на референдумот, Македонија ќе биде нормална држава, признаена од светот, со потврден македонски идентитет.

- Немаме веќе отворени прашања со ниту еден од соседите, се развиваме како едно општество за сите, каде што сите граѓани, независно од етничката припадност се со еднакви права и обврски пред законот. Работиме посветено на реформите во правосудството, во безбедносните институции, новите закони за медиумите се во Собранието. Граѓаните на Македонија ќе живеат европски и демократски како развиениот свет, рече премиерот Заев.

На средбата е разговарано и за актуелните политички прашања во Словенија, а заеднички е констатирано дека Македонија и Словенија се блиски пријателски земји и дека во тој дух продолжува развојот на билатералните односи и меѓусебната соработка.скс/са/16:13

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...