Собранието утре ќе ја продолжи 58.седница

Собранието утре ќе ја продолжи 58.седница

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери попладнево ја прекина работата по 58. седница, откако беа донесени одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировните мисии во Авганистан и во Либан. Продолжението на седницата го закажа за утре напладне.

Претходно, Собранието на Република Македонија со 61 глас „за“ и четири против го именува Петар Атанасов за заменик-министер за образование и наука.

Премиерот Зоран Заев рече дека Атанасов заедно со министерот за образование и наука Арбр Адеми ќе работи на спроведување на реформите во основното и средното образование, новиот закон за високо образование, а во моментот се усвојуваат и статутите на универзитетите во државата.

- Конечна цел е да направиме еден нов прагматизам кој на младите, на децата ќе им се најде во животот согласно потребите на пазарот на трудот и она што претставува очекување и на младите генерации и на нас родителите. Човекот доаѓа со една целосна преокупација, со јасна визија за реформите извлечена од дебатата која постои во општеството. Верувам дека навистина ќе направиме образовен систем кој дефинитивно ќе биде нешто со кое сите ќе се гордееме. Верувам дека успешно ќе ја извршува својата функција како заменик-министер за образование, рече Заев.

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека изминативе 15 месеци многу ветувања во образованието не се реализирани од оваа власт.

- Го укинавте екстерното, но ветивте и дека ќе понудите нов концепт за надворешно оценување на знаењата и објективното при оценувањето на учениците и наставниците. Петнаесет месеци чекаме уште таков концепт немате понудено, а граѓаните очекуваат реализација на таков концепт. Денар не е зголемена платата на наставниците, ветувавте дека ќе ги зголемите стипендиите и ученичките кредити и дека ќе го подобрите статусот на ученик и студент, нови студентски домови..., истакна Данев.

Реплицирајќи му на Данев, премиерот Заев рече дека целта е да се подобри образовниот систем во државата. 

На денешната седница Собранието го верификуваше мандатот на Снежана Калеска Ванчева за народен пратеник на СДСМ, на местото на Петар Атанасов кој е именуван за заменик министер за образование и наука.

Собранието на денешната седница по скратена постапка донесе неколку закони: Предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на патната делница Крива Паланка-Деве Баир (граница со Бугарија), што ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавно претпријатие за државни патишта, Предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Финансискиот договор, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти – V фаза, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Македонската банка за поддршка на развојот, по скратена постапка, Предлог-законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Мегународната банка за обнова и развој - Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на социјалните услуги. дма/рп/19:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...