Лозарите добиваат дополнителна субвенција за „вранец“ и „смедеревка“

Лозарите добиваат дополнителна субвенција за „вранец“ и „смедеревка“

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Владата на денешната 85-та седница, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја прифати Предлог - уредбата за изменување и дополнување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2018-та година.

Со уредбата, како што велат од Владата, се обезбедува дополнителна субвенција од еден денар за килограм предадено грозје за сортите вранец и смедеревка. Оваа мерка ќе придонесе и за зголемување на рентабилноста на производството на овие две најзастапени сорти. дма/рп/19:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ