Иванов нема да биде во Македонија за време на референдумот, ќе бил во ОН

Иванов нема да биде во Македонија за време на референдумот, ќе бил во ОН

Скопје, 30 август 2018 (МИА) -  Претседателот Ѓорге Иванов нема да биде присутен во земјава за време на одржувањето на референдумот за промена на уставното име на Република Македонија, наведуваат денеска повеќе македонски медиуми.

МИА претпладнето побара потврда или демант на оваа вест од Кабинетот на претседателот, но оттаму не добивме официјален став за тоа дали претседателот навистина нема да биде присутен во земјата на 30 септември, пресвртен датум од поновата македонска историја. 

Медиумите наведуваат дека според неговиот Кабинет, Иванов ќе бил спречен на референдумот да го даде својот глас „за“ или „против“, поради тоа што, ќе ја претставувал Македонија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

-Неговото отсуство од земјава е резултат на договорениот „систем на ротација“, според кој една година во Њујорк оди премиерот, а друга година шефот на државата, пренесуваат медиумите повикувајќи се на Кабинетот на Иванов.

Генералното собрание на Обединетите нации, што секоја година почнува во третиот вторник од септември, годинава ќе се одржува од 25 до 30 септември. Според прелиминарниот распоред на учесници во главната дебата на генералното собрание на ОН, објавен на нивниот сајт,  претседателот Иванов ќе има свое излагање на 27 септември во претпладневната сесија. са/сд/12:44

###

   

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...