• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Заев: Одбројуваме до денот кога народот ќе излезе за европска Македонија (видео)

Заев: Одбројуваме до денот кога народот ќе излезе за европска Македонија (видео)

Скопје, 30 август 2018 (МИА) - Одбројуваме до денот кога нашиот народ ќе излезе за европска Македонија. Само еден настан во поновата историја може да се спореди со предизвикот со кој се соочуваме. Тоа е настанот од пред 27 години, тоа е денот кога сите гласавме за независна Република Македонија.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев  во Клубот на пратениците во Скопје каде што ја промовираше кампањата за рефередумот на 30 септември на коалицијата „Заедно ЗА европска Македонија“.

Излези за европска Македонија- Клуб на пратеници

- Ни претстои настан со историски пропорции што ќе влијае на годините кои доаѓаат. Со целосна политичка одговорност коалицијата „Заедно ЗА европска Македонија“ составена од партиии, здруженија на граѓани, политички партии, граѓански здруженија, стопански комори, синдикати...,  кои на претстојниот референдум сме согласни заеднички и одделно да ги повикаме граѓаните на 30 септември да излезат и да гласаат за подобра Македонија, рече Заев.

Тој посочи дека во коалицијата што ќе води кампањата „Излези ЗА европска Македонија“ заедно се здружени околу стотина субјекти во и оти очекуваме таа бројка да расте. дма/са/14:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...