• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Поддршка од заедницата на Македонците во Албанија за напредокот на Македонија кон ЕУ и НАТО

Поддршка од заедницата на Македонците во Албанија за напредокот на Македонија кон ЕУ и НАТО

Скопје, 30 август 2018 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претставници од заедницата на Македонците во Албанија, Ефтим Митревски и Нико Китани, кој е и претставник на македонското малцинство во Комитетот за национални малцинства при Владата на Република Албанија.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, од претставниците од заедницата на Македонците во Албанија е изразена поддршка за успешните процеси што водат кон напредок на Македонија во евроатлантските интеграции. Се разговарало за повеќе актуелни прашања и за резултатите од продлабочената комуникација меѓу Владата на Република Македонија и заедницата на Македонците во Албанија.

- Ќе ја интензивираме уште повеќе поддршката на принципиелно ниво, кон Македонците кои живеат и работат во Албанија. Постои позитивна политичка клима за тоа, нагласил премиерот Заев.

Претставниците на заедницата на Македонците во Албанија изнеле конкретни предлози на унапредување на квалитетот на живот и образованието на жителите од Мала Преспа, Голо Брдо и Корча. мд/сст/19:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ