• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Заев: Потребно е единство во историски моменти, Македонија нема друга алтернатива

Заев: Потребно е единство во историски моменти, Македонија нема друга алтернатива

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Македонскиот премиер Зоран Заев и денеска ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи и да овозможи успешен референдум за, како што рече, успешна иднина на заедничката држава. Потребно е единство, потенцира Заев, додавајќи дека може опозицијата и власта да се различни и да не се согласуваат по многу прашања, но оти во историски моменти сите треба да застанат заедно бидејќи државата нема друг алтернативен пат.

Заев конференција

- Како премиер имам мандат до 2020 година. Ако референдумот падне и не успее ние веројатно завршуваме со политиките овде. Но, зошто би ни била потребата од владеење кога ни нема иднина државата. Оттука ги црпам ставовите за одговорноста на сите главни политички чинители политички во државата вклучително и ВМРО-ДПМНЕ дека мора да се застане во обезбедување просперитетна иднина на РМ, рече Заев на конференција „Македонија гледа напред: мигот е да се фати возот за ЕУ“.

Затоа јас, наваде Заев, можеби наивно, но верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се вклучи во успешноста на референдумот, дека ќе изнајде начин,  и оти мора да изнајде начин.

- Не постои друг алтернативен пат за оваа наша заедничка земја и затоа нема да престанам да упатувам повици опозицијата да се вклучи во референдумот, рече Заев.  сст/са/12:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...