Се почитуваат препораките од Венецијанската комисија за кампањата за референдумот, вели Бошњаковски

Се почитуваат препораките од Венецијанската комисија за кампањата за референдумот, вели Бошњаковски

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека целосно се почитуваат препораките на Венецијанската комисија во однос на вклучувањето на владините претставници во кампањата за претстојниот референдум.

- Нашите секојдневни активности се поврзани со овој наш државен стратегиски интерес и така е во изминатите 27 години од независноста на Македонија. Ние немаме Влада којашто немала приоритет и интерес за зачленување на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Владата одвои 400 илјади денари за промоција на бенефитите од влезот во НАТО и ЕУ на социјалните мрежи и тоа ќе го работиме во рамки на тековните активности, рече Боњшаковски, одговарајќи на новинарско прашање по редовната прес-конференција во Владата. бак/са/13:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ