• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Адеми и Шалваринов во посета на Германија и Австрија

Адеми и Шалваринов во посета на Германија и Австрија

Скопје, 1 септември 2018 (МИА) - Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, во придружба од директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов, од денеска до 5 септември ќе престојуваат на работна посета на Сојузна Република Германија и Република Австрија.

Како што соопшти кабинетот на Адеми, по покана од претседателот на Сенатот и градоначалник на Бремен, Карстен Силинг, делегацијата на 2 и 3 септември ќе учествува на отворањето на манифестацијата  „Недела на интеграција“, посветена на сите граѓани на Бремен кои се дојдени од други земји, а живеат и работат во Бремен, меѓу нив и наши сонародници по потекло од Република Македонија. Оваа манифестација се одржува под покровителство на градоначалникот на Бремен.

За време на посета во Германија и Австрија, делегацијата од Република Македонија, предводена од министерот Едмонд Адеми, ќе се сретне и со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората по потекло од Република Македонија во Берлин, Бремен и Хамбург, СР Германија и во Виена, Австрија.

Воедно, министерот Адеми со делегацијата, покрај средбите со претставниците на дијаспората, во Берлин, на 4-ти септември, ќе има средби и со група пратеници од германскиот Буденстаг.

На 5-ти септември во Виена министерот Адеми ќе има средби со претставници на Македонската црковна заедница во Виена, како и со организации и здруженија на дијаспората по потекло од Република Македонија, соопшти Кабинетот на министерот Адеми.скс/дма/07:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ