Влада: Трошоците за емитување и продукција на содржини за референдумот се на Собранието и на политичките субјекти

Влада: Трошоците за емитување и продукција на содржини за референдумот се на Собранието и на политичките субјекти

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Владата денеска соопшти дека за кампањата за референдумот издвоила 6.500 евра, додека трошоците за емитување и продукција на содржини се на Собранието и на политичките субјекти. 

Владата ги демантира, како што се наведува во соопштението, невистините изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за наводно трошење средства за снимање спотови поврзани со кампањата за референдумот.

- Како што и претходно беше јавно објавено, Владата на РМ одлучи да спроведе процес на планирана јавна комуникација од јавен интерес – кампања за референдумот. Владата единствено резервираше средства во износ од 6.500 евра за активности на социјалните мрежи, а сите други комуникации кои подразбираат односи со медиумите и учество на јавни настапи се во организација на редовните активности на Секторот за односи со јавност на Владата на Република Македонија, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Продукцијата и емитувањето на спотовите на телевизиите за кое јавноста е сведок дека се уште не започнало, како што се посочува, е активност на Собранието на Република Македонија и на политичките субјекти, а не на Владата.

- Во спроведување на процесот на планирана јавна комуникација за референдумот, Владата на Република Македонија ќе работи транспарентно и отчетно, согласно стандарди за јавни комуникации од интерес на јавноста – релевантност, објективност, пропорционалност и рационалност, се потенцира во соопштението. ев/скс/18:51

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...