• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Заев: Верувам дека правиме квантен скок во европска Македонија

Заев: Верувам дека правиме квантен скок во европска Македонија

Штип, 31 август 2018 (МИА) -  За нас не постои друга алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО. Без договорот Македонија никогаш немаше да добие покана за НАТО и датум за отпочнување на преговори со ЕУ како остварување на нашите стратешки цели.

Ова го порача вечерва премиерот Зоран Заев на граѓанска трибина во Штип во рамки на кампањата за референдумот што денеска ја започна коалицијата „Заедно ЗА европска Македонија“.

Оценувајќи дека не постои повозвишена патриотска должност од тоа да им служиш на интересите на сопствениот народ и да бидеш подготвен да понесеш политичка жртва верувајќи во исправноста на одлуките кои ги носиш, истакна дека тие веруваат и оти ќе излезат за европска Македонија за конечно да обезбедат сигурна иднина за сегашните и генерациите кои доаѓаат.

- Со договорот ги зајакнуваме нашите национални атрибути за еден народ. Никој понатаму и никогаш повеќе нема да може да го оспорува правото на нашето национално самоопределување. Грција прифати дека ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик. Тоа е прашање затворено за век, потенцира премиерот во Штип.

Заев забележа дека Македонија оди напред и дека за нејзините граѓани не постои друга алтернатива освен влез во ЕУ и НАТО.

- Нема враќање назад. Ние се определивме за Европска Македонија, ние одиме напред и верувам дека правиме квантен скок во eвропска Македонија, рече Заев.

Според него промените се тешки, бараат одговорност и пред се бараат јасна визија. - Другиот избор, како што посочи е враќање назад во небиднината на мрачниот простор на изолацијата, на незивесноста, на несигурноста, на постојаниот ризик. Нема враќање назад, таму ќе останат тие што не и сакаат добро на земјата и на нејзините граѓани. Таму ќе останат тие што немаат храброст да се одлучат да преземат одговорност да тргнат напред. Ние се определивме, одиме напред, после 27 години влегуваме во квантен скок, влегуваме во европска Македонија, рече Заев.

На вечершаниот граѓански собир на Градскиот плоштад во Штип се обрати и двокртаниот европски шампион Емил Павлов.

Градоначалникот  Бочварски истакна дека граѓаните на Штип сакаат да бидат дел од ЕУ и НАТО, за да се извлечеме од црните сценарија и балканските сокаци во кои како што рече некои структури сакаат да не вовлечат.

Карванот претходно беше во Кочани, а утре продолжува во Дојран и Валандово.вдј/скс/22:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ