• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Средби на министри и носители на јавни функции од ДУИ со граѓани во Чаир

Средби на министри и носители на јавни функции од ДУИ со граѓани во Чаир

Скопје, 1 септември 2018 (МИА) - Власта да биде поблиска до граѓаните и да ги чуе секојдневните потреби и проблеми на граѓаните, требаше да овозможат денешните средби на владини министри и функционери од ДУИ со граѓаните во општина Чаир.

- Некогаш сметаме дека Владата е само за големи прашања и бројки, а на граѓаните им се важни секојдневните мали прашања и проблеми кои им тежат ним и на нивните семејства. Ако ги чуеме од нив ќе може да им помогнеме полесно да се соочат со секојдневните проблеми што ги носи животот, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Ова, појасни тој, не е дел од кампањата за ререфендумот и случајно се погоди да биде сега.

- Почнавме пред два месеца со Липково и Дебар во јули, паузиравме во август поради одморите и еве сега сме во Чаир.  Ние  и после 30 септември до крајот на мандатот ќе имаме вакви редовни соочувања за да ги чуеме граѓаните, рече Османи.

Апелираше сите граѓани кои се во можност да доаѓаат на ваквите средби и да комуницираат со министрите и вршителите на јавни функции за да можат да се најдат решенија за нивните проблеми. сст/мч/14:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...