Министерот Ахмедовски на работна средба со ромската заедница во Делчево

Министерот Ахмедовски на работна средба со ромската заедница во Делчево

Делчево, 2 септември 2018 (МИА) - Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Аксел Ахмедовски  синоќа имаше работна средба со граѓаните од ромската заедница од Делчево.
 
Како што информираше Ахмедовски, на средбата се дискутирало за секојдневните проблеми со кои се соочува оваа група граѓани, со најголем акцент на подобрување на инфраструктурата и вработувањето. 
 
- Ромската заедница како најмаргинализирана група во Република Македонија има огромни проблеми по однос на инфраструктурата, но особен проблем се јавува и по однос на невработеноста. Јас го разбирам револтот кај сите лица по однос на вработувањата, меѓутоа, како што напомнавме на средбата, овие работи мора да ги решаваме системски значи најпрвин со решавање на колективни прашања, а со решавањето на колективните прашања ќе дојдат на ред и поединечните прашања во делот на вработувањето, нагласи Ахмедовски.
 
Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски ја поздрави иницијативата на министерот Ахмедовски се со цел да се слушнат проблемите на граѓаните од ромска националност.
 
- На средбата стана збор за дел од инфраструктурни проблеми, но и за останатите горливи прашања кои ги мачат граѓаните од ромската заедница. Во таа насока пред присутните потенциравме дека ние како локална самоуправа во соработка со Владата, најголемите напори во иднина треба да ги правиме нашите политики да одат во однос на зголемување на вработувањето, додека инфраструктурата е обврска која исто така мора да ја сервисираме кон граѓаните, рече Трајковски.
 
Како што истакна Ахмедовски, од неговото стапување на функцијата министер без ресор, ова беше прва средба со неговите сограѓани, а како што најави самиот ваквите средби во соработка со локалната самопурава ќе продолжат и во иднина. вс/сст/08:18

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...