• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Заев: На Македонија и треба побрз мотор и брза трака за напред

Заев: На Македонија и треба побрз мотор и брза трака за напред

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) – На Македонија и треба побрз мотор. Крајно време е по 20 години независност, да ја ставиме на брза трака и заедно со стопанството да ја придвижиме напред, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Пред почетокот на трибината во Стопанската комора на Македонија, Заев во шеговит разговор со претседателот на комората, Бранко Азески, и вицепремиерот Кочо Анѓушев, стоејќи пред  мотор паркиран во салата, истакна дека ЕУ ќе не пушти да бидеме нејзин полноправен член, кога нашиот стандард ќе биде барем приближно колку стандардот во ЕУ.

ЗАЕВ ВО СТОПАНСКА КОМОРА 2

- Тоа можеме да го постигнеме само со брзи мотори, односно со брзо движење на целата економија. Целта е по влегувањето во ЕУ и НАТО да возиме со голема брзина, потенцира премиерот.

Официјалниот дел од трибината почна со дискусија околу патот на Заев од обичен ученик во Струмица до премиер. Притоа, во текот на разговорот Азески, кој ги поставува прашањата, укажа дека е неопходно да се забави привлекувањето на странските инвеститори во земјава зашто Македонија нема доволно обучен кадар. На тоа Заев потврди дека ситуацијата е алармантна поради што мора да се работи на воведување дуално образование, односно пракса во училиштата.

Азески и Заев се осврнаа и на претстојната посета на канцеларката Меркел во сабота. Потенцирана беше размената на Македонија со Германија која, како што нагласи Заев, се очекува годинава да достигне четири милијарди евра.

Претседателот на Стопанската комора го праша премиерот дали ќе се промени досегашната пракса, претседателот на државата Иванов да дава ордени само на музичари, автори, уметници, но никогаш не и на бизнисмените, кои се во принцип, како што рече, „лопови на транзицијата“. Заев се согласи дека приватните фирми се најголемите двигатели на државата. мч/сд/10:53

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ