• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Одлуки за закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје на 86. владина седница

Одлуки за закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје на 86. владина седница

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Владата на денешната седница ќе ја разгледа нацрт - одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината.

На дневен ред се и нацрт – договорот и одлуката за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за производство, трговија и услуги Балканлар пластик производство ДОО увоз - извоз Скопје, како закупец на земјиште.

Министрите денеска ќе дебатираат и за информациите за потребата од подобрување на состојбата на општинската патна мрежа и за воведувањето заеднички контроли на надлежните органи на Република Македонија и на Република Албанија на патниот граничен премин Ќафасан – Кафтане или one -stop-shop.

На предлог на Министерството за финансии, Владата денеска ќе го разгледа предлог - законот за јавните набавки, а на предлог на Собранието на Република Македонија и предлог - законот за изменување и дополнување на законот за игрите на среќа и забавните игри.

На 86-тата седница Владата ќе дискутира и за предлог - програмата за изменување на програмата за превентивни мерки за спречување на туберкулозата кај населението во Република Македонија за 2018-та година.бак/са/11:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ