• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Изборот на директор на ОТА е работа на пратениците, вели премиерот Заев

Изборот на директор на ОТА е работа на пратениците, вели премиерот Заев

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) – Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не знае кој е новиот кандидат за директор на Агенцијата ОТА бидејќи тоа е работа на пратениците и оти за него е најважно да биде избран човек кој ќе биде професионалец и експерт.

- Им дадов само задача на пратеничката група бидејќи правеа консултации со мене да изнајдат професионално и експертско решение. Ме информираа дека е најдено решението. Ниту се интересирам, ниту ми треба да знам. Зошто? Затоа тоа е првиот исчекор дека сме научиле нешто од минатото, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања во Владата по потпишувањето на договори за финансиска поддршка за отворање бизнис- акцелератори за млади. бак/сд/13:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ