Заев побарал законски начин да се спречи говорот на омраза во филмот „Ругање со Христос“

Заев побарал законски начин да се спречи говорот на омраза во филмот „Ругање со Христос“

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска прашан за филмот „Ругање со Христос“ изјави дека побарал од министерот за култура и директорот на Агенцијата за филм да ги спречат ваквите активности во кои се промовира говор на омраза. 

-  Не можеме да го вратиме времето назад, но му дадов задача на министерот за култура да разговара со директорот на Агенцијата за филм да ги спречат и да најдат законски начин за сите активности на промоција на вакви дела, истакна Заев, одговарајќи на новинарско прашање во Владата.

Тој додаде дека она што е финансирано од Агенцијата за филм во 2015 година е апсолутно со политичка заднина и ги осуди сите пораки што шират говор на омраза. 

Вчера, и министерот за култура Асаф Адеми на прес-конференција го осуди говорот на омраза што го поттикнува филмот и истакна дека филмот нема никаква врска со актуелниот состав на министерството. 

- По објавување на трејлерот на филмот во кој војниците на ОНА се претставени како насилници-силувачи, Министерството за култура објаснува за јавноста дека овој филм нема никаква врска со министерството и актуелниот состав на министерството, туку е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија во 2015 година, истакна вчера Адеми на прес-конференцијата. бак/сд/13:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...