Заев и Хелбах: Многу е важно да успее процесот на интеграции на Македонија во ЕУ и НАТО

Заев и Хелбах: Многу е важно да успее процесот на интеграции на Македонија во ЕУ и НАТО

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) -  Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Христијан Хелбах, специјален претставник за Југоисточна Европа на германското министерство за надворешни работи. На состанокот е изразена силна поддршка од Федеративна Република Германија за успешноста на претстојниот референдум и на евро-атлантските интеграции на Република Македонија, јави владината прес служба.

Во соопштението од средбата е наведено дека на средбата било „констатирано дека Република Македонија е позитивен пример во регионот за тоа како се решаваат билатерални прашања“.

Заев и Хелбах

„Стабилноста и членството на Македонија во НАТО и во ЕУ е важно, како за граѓаните на нашата држава, така и за целиот регион. Очекуваме добри вести за целиот регион и затоа е многу важно, процесот што води кон интеграциите на Македонија да успее, со покажана одговорност од сите политички субјекти во државата“, констатирано е заеднички на средбата.

Премиерот Заев, се додава во соопштението од Владата, изрази голема верба дека граѓаните ќе донесат правилна одлука за својата иднина и за иднината на својата држава на 30-ти септември.

- Граѓаните се свесни дека претстојниот референдум е вратата кон подобра иднина, повисок животен стандард, осигурени граници на државата, еднаш засекогаш потврден македонски јазик и идентитет, а тоа го носат членството во ЕУ и НАТО. Очекувам свесност од сите политички субјекти во државата кои им мислат добро на граѓаните и на државата, да го поддржат процесот на евро-атлантски интеграции и да ја обезбедиме заеднички, нашата заедничка иднина, рече премиерот Заев.

Германскиот специјален пратеник, Хелбах посочи дека решението на спорот со името е предуслов за успешна евроатлантска интеграција на Македонија. са/сд/14:24

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...