• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Формиран Комитетот за интеграција на Република Македонија во НАТО

Формиран Комитетот за интеграција на Република Македонија во НАТО

Скопје, 4 септември 2118 (МИА) - Владата на денешната редовна 86-та седница го формираше Комитетот за интеграција на Република Македонија во НАТО со кој ќе претседава премиерот Зоран Заев, а негови заменици ќе бидат вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. 

Постојани членови на Комитетот се и вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за правда Рената Дескоска, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, началникот на ГШ на АРМ генерал - мајор Васко Ѓурчиновски, директорот на Дирекција за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, и замениците министри за одбрана и за внатрешни работи, Беким Максути и Агим Нухиу, како и еден претставник од опозицијата според номинација од најголемата опозициска партија.

Во работата на комитетот може да учествуваат и други членови на Владата и други релевантни чинители доколку се расправа за теми од нивната област. вј/дма/19:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...