• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

One-stop-shop и со Албанија на ГП Ќафасан

One-stop-shop и со Албанија на ГП Ќафасан

Скопје, 4 септмеви 2018 (МИА) - One-stop-shop покрај со Србија Македонија ќе водведе и со Албанија. Одлуката за воведување на заеднички контроли на надлежните органи на Република Македонија и на Република Албанија на патниот граничен премин Ќафасан – Кафтане беше прифатена на денешната седница на Владата.

Владата го задолжи Министерство за финансии преку Царинската управа во рок од 15 дена преку Министерството за надворешни работи на Република Македонија да го информира Министерството за надворешни работи на Република Албанија за согласноста од потребата за склучување на Спогодба и за потребата од формирање на делегација за започнување на постапка за водење преговори за склучување на Спогодбата за воведување на заеднички гранични контроли на патниот граничен премин Ќафасан – Кафтане. вј/дма/20:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...