• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Наскоро нов закон за стратешки инвестиции

Наскоро нов закон за стратешки инвестиции

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Министрите на денешната 86-та седница на Владата на Република Македонија ја утврдија потребата за изработка на нов Закон за стратешки инвестиции во Република Македонија.

Владата го задолжи Министерството за транспорт и врски во рок од три дена од добиените номинации да формира работна група за изработка на предлог Закон за стратешки инвестиции во Република Македонија. Во исто време, неколку министерства, кабинетите на Претседателот на Владата и на Заменик Претседател на Владата, во рок од пет дена да номинираат лице за работната група за изработка на предлог Закон за стратешки инвестиции во Република Македонија.

Од формирањето на работната група, Министерството за транспорт и врски има рок од 60 дена до Владата да достави нацрт Закон за стратешки инвестиции во Република Македонија.

На денешната седница Владата  ја разгледа и ја усвои информацијата за потребата од подобрување на состојбата на општинската патна мрежа.

За таа цел, Владата го задолжи Министерството за финансии да отпочне постапка за задолжување кај Светска банка со заем во висина од 70 милиони евра, во зависност од можностите на Буџетот, а врз основа на стратегијата за партнерство. вј/дма/20:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ