• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Заев: Нашиот таргет е сто илјади денари плата за специјалистите

Заев: Нашиот таргет е сто илјади денари плата за специјалистите

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) - Со зголемувањето на основицата за пресметување на плата од пет проценти, заедно со дежурствата специјалистите ќе добиваат 52.000-53.000 денари, а нашиот таргет е 100.000 денари. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека тоа се големи средства, или 22 - 23 милиони денари.

- Верувам дека тој таргет ќе го постигнеме. Впрочем убеден сум дека ќе го постигнеме. Моја желба е од 1 јануари да биде постигнат. Ако успееме тоа да го направиме би бил многу среќен, ако не согласно перформансите и парите кои ги имаме на располагање во буџетот, го правиме првиот чекор веројатно до 80.000 денари и веднаш на второ полугодие да стигнеме до 100.000 денари, посочи Заев.

Според него, тоа значи повеќе специјалисти да останат во државата, да не заминуваат.

- Правиме се, работиме на тие проблематики како да ги донесеме одлуките, а одлуките се во септември, заради тоа што се подготвува буџетот за 2019 година и веднаш ќе ги соопштиме преку медиумите до граѓаните, рече Заев.

Потенцира дека во тек се преговорите и сите оние перформанси кои значат сериозни заштеди во буџетот сакаат да ги реалоцираат, да мотивираат пред се јавното здравство, но и најранливите категории во државата.

- Зборуваме за социјалната заштита, вработените во центрите за социјални работи и за стручните лица по центрите за грижа за лица со посебни потреби, додаде Заев, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Спогодбата за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност од страна на министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски. рп/сд/11:29

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...