• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Меркел во Скопје на 8 Септември - Денот на независноста

Меркел во Скопје на 8 Септември - Денот на независноста

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) – Агендата за посетата на германската канцеларка Ангела Меркел се уште не е прецизирана, но нејзиното совпаѓање со македонскиот државен празник 8 Септември само по себе зборува за симболиката, рече денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Бошњаковски нагласи дека посетите и на Меркел и на австрискиот канцелар Курц се билатерални.

- Агендата за посетата на Меркел веќе се утврдува и кога ќе биде прецизирана, ќе биде и соопштена, истакна Бошњаковски, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

Тој потврди дека генералниот секретар на НАТО Столтенберг вечер доаѓа во Скопје. Информира дека се предвидени средби со премиерот Зоран Заев и заедничка прес-конференција, со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и посета на касарната „Илинден“, како и со градоначалникот на општина Гази Баба. мч/са/12:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...