Распределени 760 админстративци според Рамковен, остануваат уште 700

Распределени 760 админстративци според Рамковен, остануваат уште 700

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) – Околу 760 административци потпишале согласност за нивна распределба според Рамковниот договор, а за 160 процедурата е целосно завршена, соопшти денеска владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

На прес-конференција во Владата Хоџа информира дека за 600 лица процедурата за распределба по Рамковен е во тек.

- На дел од останатите околу 200 што не ја прифатиле понудата, ќе им се даде можност да бидат преземени во овој прв трансфер, во институции каде што има потреба. Другите, пак, ќе се префрлат во следната систематизација, објасни Хоџа.

Според него, уште 700 административци остануваат нераспределени. мч/са/12:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...