• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Бошњаковски: Никој 12 години не споменал дека споменикот во село Симница е спорен

Бошњаковски: Никој 12 години не споменал дека споменикот во село Симница е спорен

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) – Македонија е правна држава во која законите важат подеднакво за сите. Ако некоја институција увиди прекршување на одредено законско решение, тоа треба прво да биде утврдено, а потоа и соодветно да се реши, рече денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со споменикот во гостиварското село  Симница.

Бошњаковски напомена дека овој споменик е изграден во 2006 година, што значи дека 12 години ова прашање не го покренал никој како спорно.

- Допрва треба да се провери на кој начин е поставен споменикот. Тоа што е важно е дека две децении на територијата на цела Македонија се поставувани разни видови споменици за кои не е преземено ништо надвор од кои било законски решенија. Во центарот на Скопје од минатата влада имавме споменици по осум метри кои беа надвор од законските прописи, подвлече портпаролот.

Владата, како што напомена, секогаш и во иднина ќе постапува согласно Уставот и законите. мч/сд/12:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ