• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Меркел во Скопје и прослава на отворено пред Владата на Денот на независноста

Меркел во Скопје и прослава на отворено пред Владата на Денот на независноста

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) – Денот на независноста, 8 Септември, ќе биде одбележан во дворот на Владата, под отворено небо.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, предвидена е богата програма, а поканети се сите граѓани.

- Во сабота, во 18 часот одбележувањето на Денот на независноста ќе почне со концерт за најмладите на „5+“ бенд, по што следува настап на Македонската филхармонија која заедно со Тамара и Тијана ќе изведе шлагери, а потоа е Емин Џијан, информира Бошњаковски.

Согласно Програмата, предвидено е и обраќање на премиерот Зоран Заев.

Заев и Меркел

 

На Денот на независноста во посета на Македонија доаѓа германската канцеларка Ангела Маркел.  

Агендата за посетата Меркел се уште не е прецизирана, но нејзиното совпаѓање со македонскиот државен празник 8 Септември само по себе зборува за симболиката, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Ден претходно, во петок, во посета на Македонија ќе биде и австрискиот канцелар Себастијан Курц.мч/са/12:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ