• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Царовска: Со социјалните реформи подготвени да станеме пример во регионот

Царовска: Со социјалните реформи подготвени да станеме пример во регионот

Берово, 5 септември 2018 (МИА) - Подобрување на условите за згрижување на стари и на лица со попреченост, зголемувањето на социјалните права, растот на платите и социјалните реформи, беа темите за кои министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска разговараше со претставниците од локалната власт и граѓаните во Берово. 

На средбата со граѓаните министерката Царовска, истакна дека со зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО создаваме европска држава во која ќе расте стандардот и граѓанските права, а тоа ќе го постигнеме преку искористувањето на европските фондови кои во секторот социјала за земјите од ЕУ достигнуваат и до половина милијарда евра годишно.

- Институциите треба да станат сервис на граѓаните, а тоа го овозможуваме со бројните реформи во системот за социјална заштита. Ние сме подготвени да станеме позитивен пример во регионот и светот тоа го цени. Сите заедно работиме Македонија да биде нова голема надеж за регионот и Европа и затоа добиваме поддршка. Имаме поддршка од демократскиот свет, да ја искористиме и да обезбедиме иднина, изјави Царовска.

За време на посетата на Берова, министерката за труд и социјална политика се сретна со градоначалникот Звонко Пекевски, и со вработените во Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа, а го посети и Дневниот центар за лица со посебни потреби и за Домот за стари лица „Иван Влашки“. ев/мд/22:19

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ