Столтенберг на средба со Иванов

Столтенберг на средба со Иванов

Скопје, 6 септември 2018 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја почна денешната серија разговори со македонскиот државен врв.

Првиот човек на Алијансата покрај со Иванов, треба да има средби и со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и  со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и други високи официјални претставници. Столтенберг во Собранието ќе има средба и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

По средбата на премиерот Заев и Столтенберг најавена е прес-конференција. 

Иванов и Столтенберг

Покрај останатите активности и средби, генералниот секретар ќе го посети и Стајковци каде што во 2016 година војници и опрема на НАТО беа ангажирани за надминување на последиците од поплавата. Столтенберг ќе ја посети и касарната Илинден  каде што ќе присуствува на показна вежба на припадниците на специјалните сили.

Во касарната Илинден предвидени се изјави за медиумите од Столтенебрег и Шекеринска.

Во пресрет на референдумот, во Скопје денеска е и министерот за надворешни работи на Лукембург Жан Аселборн, а до крајот на недела доаѓаат и канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц. сст/са/09:39

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...