Македонија доби 23 милиони долари грант од САД

Македонија доби 23 милиони долари грант од САД

Скопје, 6 септември 2018 (МИА) - Македонија доби 23 милиони долари грант од САД  за развојна цел. Договорот е потпишан меѓу Република Македонија претставена од Министерството за финансии и Соединетите Американски Држави претставени од Агенцијата на САД за меѓународен развој, УСАИД.

За оваа цел Македонија ја посети високиот претставник на УСАИД Гречен Биркл.

На потпишувањето во Министерството за финансии, присуствуваа и американскиот амбасадор Џес Бејли и директорот на канцеларијата на УСАИД во Македонија Давид Етбери.

Министерот за финансии Драган Тевдовски, како што информираат од министерството, на потпишувањето истакна дека договорот е особено важен и ја зајакнува соработката со САД кои го поддржуваат напредокот на Македонија на нејзиниот пат напред.

- Средствата се наменети за активности кои ќе овозможат зголемен раст на приватниот сектор, поголема вклученост на граѓаните во носењето на одлуките, зајакнато добро владеење и подобрена кохезија во општеството, истакна Тевдовски.

Заменик помошникот на администратор на УСАИД за Европа и Евроазија, Гречен Биркл изрази верување дека иницијативите ќе помогнат Македонија да го забрза патот кон само-одржливост и евентуалното пристапување кон НАТО и Европската Унија.

- Нашите проекти ќе имаат за цел да ја зајакнат конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија, да го подобрат пристапот до финансии, да создадат поедноставено деловно опкружување и да обезбедат поголема енергетска сигурност. За да го промовираме учеството на граѓаните, нашите програми ќе го поддржат јакнењето на граѓанското општество и зголемувањето на професионалноста на независните медиуми. За да го зајакнеме доброто владеење, ќе обезбедиме помош за градење на капацитетите на извршната власт, законодавните тела и националните изборни тела. И на крајот, за да ги зајакнеме врските меѓу заедниците, ќе ги поддржиме активностите што ја подобруваат меѓуетничката интеграција и го зголемуваат вклучувањето на маргинализираните групи во општеството, истакна Биркл.

УСАИД од 1993 година до денес во Македонија имаат инвестирано 640 милиони долари во програми кои создадоа нови работни места, поддржаа слободни и фер избори, ги подобрија меѓуетничките односи и придонесоа за вклучување на маргинализирани и ранливи групи. аа/бк/20:14

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...