• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Курц денеска во Скопје за поддршка на референдумот

Курц денеска во Скопје за поддршка на референдумот

Скопје, 7 септември 2018 (МИА)  - Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска е во официјална посета на Република Македонија. 

Тој заедно со австриската делегација ќе биде свечено пречекан на платото пред Владата на Република Македонија, а подоцна ќе има и заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Курц во Македонија доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери.

При последната посета на Заев на Виена, на крајот на јуни, Курц чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, упати апел до граѓаните на Македонија на референдумот да гласаат за прифаќање на Договорот со Грција што ќе го отвори патото кон Унијата и НАТО.

- Договорот околу името на државата со Грција е одлучувачки напредок во процесот на приближување на Македонија до ЕУ, истакна Курц.

Во пресрет на референдумот на 30 септември, вчера во Македонија беа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи Жан Аселборн, а утре на Денот на независноста доаѓа германската канцеларка Ангела Меркел.вј/дма/07:51

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...