Курц: Гласајте „за“ договорот и „за“ европска перспектива на Македонија (видео

Курц: Гласајте „за“ договорот и „за“ европска перспектива на Македонија (видео

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) - Решавањето на прашањето за името е голема шанса за динамика на Македонија и на целиот регион. Го поздравувам постигнатиот компромис и ги повикувам граѓаните да учествуваат на претстојниот референдум и да гласаат „за“ договорот и „за“ европската перспектива на Македонија, истакна австрискиот канцелар Себастијан Курц на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.

- Тоа е одлука на секој поединец и навистина  не е мое да ја направам одлуката за некој друг, но како пријател на Македонија и како активна земја членка на ЕУ ние ќе сметаме дека би било многу позитивно доколку има големо учество и позитивен исход на референдумот - изјави Курц, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Заев и Курц

Курц рече дека Австрија е пријател на Македонија и сака да имаат заедничка иднина.

- Европската Унија нема да биде комплетна без Македонија и земјите во регионот - додаде Курц

На новинарско прашање каква е неговата порака до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со која се сестрински партии во ЕПП, Курц рече дека е сосема иста како и до граѓаните - важно е Македонија и балканските држави да имаат европска перспектива и да ја искористат, а дел од тоа е и решавањето на прашањето за името.

Заев и Курц

Премиерот Заев истакна дека посетата на Курц е силна порака и поттик за нас во пресрет на референдумот, на кој граѓаните ќе ја изберат иднината, ќе го дадат својот глас за одобрување на договорот со Грција, со кој се гарантира местото на Македонија во ЕУ.

Прашан што ќе се случи ако договорот не помине во Грција, Заев рече дека очекува двете земји да си го завршат својот дел од работата и тој да биде ратификуван во грчкиот парламент, а процесот целосно да биде завршен. Тоа е добро и за Македонија и за Грција, за региониот и за ЕУ, нагласи Заев.сст/скс/10:34

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...