• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Зоран Ангеловски избран за директор на ОТА

Зоран Ангеловски избран за директор на ОТА

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) - Зоран Ангеловски е избран за директор на новата Оперативно-техничка агенција (ОТА).

Ангеловски е избран едногласно со 83 гласа „за“, како и со двотретинско мнозинство. Неговиот мандат ќе биде пет години.

Предлогот Ангеловски да биде директор на ОТА во средата беше изгласан од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, откако владејачките партии постигнаа договор од 14-те кандидати. 

По изборот на Ангеловски, седницата беше прекината и ќе продолжи откако надлежните собраниски комисии ќе ги разгледаат неколкуте закони кои треба да бидат донесени по скратена постапка. 

На дневен ред на 59. седница, која е последна пред одржувањето на референдумот на 30 септември, е и Предлог- законот за дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по скратена постапка, поднесен од Лилјана Затуроска, Диме Велковски и Артан Груби, за кој исто така имаше несогласувања помеѓу владејачките партии и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

Пратениците ќе треба да гласаат и за дополнувањето на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево - Охрид, по скратена постапка, за измените и дополнувањата на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за градење, двата по скратена постапка, двата поднесени од пратеници на владејачкото мнозинство.   

Се очекува дека на седницата да бидат ставени и други точки. ев/бак/14:18

 

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...